Project

General

Profile

Активност #70

Локален summer of code

Added by Дамјан Георгиевски about 8 years ago. Updated about 7 years ago.

Status:
Затворена
Priority:
Висок
Start date:
2011-03-26
Due date:
2011-04-18
% Done:

90%


Description

Идејата е заедно со Jug.mk (и можеби некои други организации) да направиме нешто слично на Google summer of code за студенти.

Студентите би добиле потврда за пракса за на факултет и можеби некој финансиски мотив (ако се најдат спонзори).

Проектите ќе бидат слободен софтвер.
Ментори и проекти ќе треба да најдеме меѓу нас.

History

#1 Updated by Дамјан Георгиевски about 8 years ago

Мој предлог бр.1
erlang bot-от има прилично недовршени/непочнати идеи
http://github.com/gdamjan/erlang-irc-bot/issues

студентот ќе има шанса да научи основи на Erlang (не е толку тешко) и да помогне во развојот на нашата инфраструктура.

#2 Updated by Дамјан Георгиевски about 8 years ago

Добро би било до 5ти април да имаме до некаде смислено нешто па да го презентираме на http://www.jobfair.org.mk/

#3 Updated by Dalibor Nasevic about 8 years ago

Предлог проект за Ruby - http://ruby.mk

Идејата е ruby.mk да биде тимски блог (планет) на мкруг членовите. Основна верзија од апликацијата има на https://github.com/dalibor/blog - ќе треба да се прилагоди проектот и да се направат некои проширувања како на пример: секој уредник на блогот да може да стави RSS feed преку кој автоматски ќе постира на ruby.mk (доколку тој уредник си има свој блог и не сака да пишува директно на ruby.mk) и слично.

Со овој проект студентот што ќе се пријави ќе има можност да се запознае со следниве технологии: Ruby, Rails, Haml, Sass, Cucumber, RSpec, jQuery и слично.

#4 Updated by Boban Jovanoski about 8 years ago

Предлози за ruby/ruby on rails проекти:
1. Twitter bot - Би одговарал со дирекни пораки на поставени прашања од неговите другари (прогноза, курсна листа, авио летови, адреси од компании и сл)
2. Игра - која би ја користеле основно/средно школо за полесно да го совладаат ООП
3. HTML 5 , CSS 3

#5 Updated by Дејан Новески about 8 years ago

Предлог пајтон проект - Narcissist

Проектот е опен сос варијанта на about.me и flavors.me -> Може секој да го деплојува самостојно. Сите сетинзи ќе се запишуваат во фајл за тоа -> Име, Био, слика, листа од сервиси, тема (темите ќе се стандардни, ќе има инклузив).

Значи проектов е нешто како pelican/jeckyl, само што не е блог, него е персонална страна што ќе има агрегатори за повеќе сервиси и генерични агрегатори за RSS. about.me/flavors.me за девелопери/tech savvy народ.

#6 Updated by Васил Вангеловски about 8 years ago

Предлог Python/Jython проект:

Интеграција на Jasper reports со Django . Во кратки црти порт на овој grails plugin http://grails.org/plugin/jasper . Со тоа што ќе има и по low-level api и ќе биде организиран да може да се користи и како standalone deployment (пр. главната апликација вози на mod_wsgi, а делот за генрирање репорти како посебна апликација на tomcat, jetty или што и да е).

Прототип на мал дел од ова имам, генерална идеја за организација на апито исто имам.

Ова може да биде интересно за студенти што работат Java бидејќи се работи во главно со Jython. Ќе стекне познавања од Python, Django, Jasper reports, Sphinx.

#7 Updated by Јован Костовски about 8 years ago

Предлог проект: Развој на веб базирани апликации за мобилни телефони со употреба на jQueryMobile1 и PhoneGap2

Идејата е на проектот е преку практична работа студентот/студентите да се запознаат со веб технлогиите кои се користат за развој на веб апликации за мобилни уреди, како да се прави прилагодување на содржините од веб страниците за приказ на мобилни уреди и пристап преку мобилен уред до оддалежени (remote) ресурси преку веб сервиси.

Како краен продукт би се добила една прототип апликација или мини framework кој со едноставно прилагодување би можел да се искористи за да се направи мобилна верзија од одреден сајт. Откако би се направила прототип апликацијата можеме да направиме еден мобилен веб сајт со mashup од сите места кај што имаме профили на Слободен софтвер Македонија или Хаклаб Кика (linux.net.mk, slobodensoftver.org, spodeli.org, 2cmk на Facebook, Twitter, Flickr...)

Технологии: HTML (HTML5), JavaScript, jQuery, PhoneGap, AJAX, Web Sevices, XML, JSON, Server side scripting (PHP, Python, Java, Ruby), Социјални мрежи

Ментор: јас - Јован Костовски ака Чомбе

Референци:
[1] http://jquerymobile.com/
[2] http://www.phonegap.com/

#8 Updated by Јован Костовски about 8 years ago

Предлог проект: Развој на веб апликации (портали) со Apache Cocoon [1]

Apache Cocoon е Java Spring Framework [2] базирана околина за развој на веб апликации која овозможува пристап до содржините преку различни уреди/канали (веб прелистувачи, мобилни телефони, таблет компјутери).

Идејата е на проектот е преку практична работа студентот/студентите да се запознаат со веб технлогиите кои се користат за развој на веб апликации до кои се пристапува преку повеќе канали (веб прелистувачи, мобилни телефони, таблет компјутери), како да се прави прилагодување на содржините од веб страниците за приказ на мобилни уреди и пристап преку мобилен уред до оддалечени (remote) ресурси преку веб сервиси. Сите наведени цели ќе се остварат преку изработка на веб апликација со помош на Cocoon. Cocoon опфаќа многу полиња на примена, па немора само на ова да остане.

Целта е да се развие веб апликација на која ќе може да и се пристапува од различни уреди, а истата да биде подеднакво функционална.

Технологии: XML, XSLT, XPath, Java, Java Spring Framework

Референци:
[1] http://cocoon.apache.org/
[2] http://www.springsource.com/

#9 Updated by Јован Костовски about 8 years ago

Предлог проект: Систем за известување и управување преку SMS пораки

Идејата на проектот е да се развие софтвер кој ќе биде мост помеѓу некој веќе постоечки систем и SMS Gateway со цел да се овозможи параметрите од постоечкиот систем корисниците да ги добијат на својот мобилен телефон преку SMS и да можат да вратат некоја команда назад.

Студентот би се запознал со SMS како технологија, инсталација и конфигурација на Kannel Open Source WAP and SMS Gateway [1], приклучување на мобилен телефон на ГНУ/Линукс со цел да се праќаат и примаат SMS пораки и развој на апликации кои комуницираат со веб сервер преку HTTP протоколот.

Краен продукт ќе биде софтвер кој ќе испраќа и прима SMS пораки и ќе командува определен систем, на пример набљудување на најважните сервиси кои работат на еден сервер (веб, е-пошта...) или ако сакаме да додадеме и некој хардвер, може да направиме систем за вклучување и исклучување на разни електрични уреди преку SMS. Доменот на примена може да биде и нешто друго во зависност од интересот на студентот.

Технологии: Kannel SMS Gateway, GNU/Linux, програмски јазик по избор

Ментор: јас - Јован Костовски ака Чомбе

Референци:
[1] http://kannel.org

#10 Updated by Васил Вангеловски about 8 years ago

Предлог:

(Ова е повеќе Java, меѓутоа веб фронтендот може да биде и друг јазик што работи на JVM. Идејата е да се деплојува/инсталира лесно.) Веб базирана дигитална библиотека со подршка за конвертирање електронски документи во различни формати, вклучувајќи и .mobi. Нешто слично на calibre. Со тоа што ќе има подршка за full text search низ содржините и автоматско класифицирање - тагување.

Бидејќи е пообемен проект, еден студент би работел на еден дел од системот, пример пребарување и класификација, или веб фронтенд итн.

Технологии со кој ќе се запознае: Solr, Mahout, евентуално Hadoop.

#11 Updated by Dalibor Nasevic about 8 years ago

ruby.mk проектот на github: https://github.com/dalibor/ruby.mk

#12 Updated by Goran Peoski about 8 years ago

Еве од мене што би сакал да работам со Едно лето:

https://github.com/azder/jQuery-Plugins
има таму еден плагин jquery.dnbs.js што го започнавме со колегата како grid компонента
и која што ќе се развива понатака во насока на сортирање, додавање различни редови
и слични функционалности што ќе ни требаат од една табел.

Исто така сакам да започнам уште еден проект како Game of Life што ќе биде првенствено во јаваскрипт на клиентска страна,
ќе има исцртување или со WebGL ако има можности за тоа или евентуално со jQuery, а за во иднина би се размислувало за дистрибуирање со централен сервер (јава или пехапе).

Трето во ЈаваСкрипт е подобрувањето на ирц логот од дамјановиот ерланг бот.

#13 Updated by Дарко Стојковски about 8 years ago

Моќеби ова ќе му послужи на некого како мотивација да се приајви за ментор. Иако не сум студент имам воља да се впуштам во некој Пајтон проект. Моментално сеуште читам книги и туториали околу пајтон али кај и да е ќе научам. Плус нели тоа е една од целите на сево ова.
Just for the record.. па да се надеваме дека ќе се пријави некој за ментор со некој интересен проект.

#14 Updated by Toni Jovanoski about 8 years ago

Предлог: сите мои 'отворени' проекти

https://github.com/minimoog/qtwitdget
https://github.com/minimoog/Recolorfy

Може и овој но нема што многу да се доработува: https://github.com/minimoog/QTweetLib

Првиот е твитер клиент, кој на почеток беше sandbox (испробување на Qt работи), моментално е нешто половично, од озбилен проект и sandbox проект. Вториот проект е боење на сива слика (земаш слика која се претвора во сива, и со touch ја враќаш бојата на одреденото место). Проектот е наменет за мобилни или touch екрани.

Проектите се пишувани во Qt, и се амалгам од C++, JavaScript и новите и идните технологии што ќе/се користат во Qt.

#15 Updated by Арангел Ангов over 7 years ago

  • Status changed from Нова to Во прогрес
  • Assignee set to Дамјан Георгиевски
  • Priority changed from Нормален to Висок
  • % Done changed from 0 to 90

Да се напише извшетај за Едно лето и да се објави на сајтот на 2с.мк и blog.spodeli.org.

#16 Updated by Арангел Ангов about 7 years ago

  • Status changed from Во прогрес to Разрешена

Го затварам тикетов пошто никој не напишал извештај досеа. Еве го кај е летото, треба да размислуваме за ново „едно лето“ веќе.

#17 Updated by Арангел Ангов about 7 years ago

  • Status changed from Разрешена to Затворена

Also available in: Atom PDF